logo
logo
logo

Полска проговори за нерегуларностите на Евровизија:

„Гласаа по сопствено убедување“

Vecer | 21.05.2022

„Гласаа по сопствено убедување“

Телевизијата Полска исто така објави соопштение во врска со гласањето на жирито на Евровизија 2022 година.

Полска е меѓу шесте земји чии гласови од жирито беа отстранети од натпреварот и заменети со резултати од ЕБУ „врз основа на претходните шеми на гласање“, што и да значи тоа.

Заедно со нив шут-карта добија Азербејџан, Грузија, Црна Гора, Романија и Сан Марино.

Во соопштението на ТВ Полска се наведува дека тие категорично ги отфрлаат сите обвинувања против полските членови на жирито како неосновани и апсурдни.

„Членовите на полското жири гласаа исклучиво според нивните чувства и дискреција, не земајќи предвид ниту еден алгоритам, дури ни алгоритам на ЕБУ. Оценувајќи ја Украина со најмногу поени, тие ја изразија својата независност и нема врска меѓу гласовите што ги ги даде другите конкуренти и гласовите што ги доби нашиот претставник“.

Телевизија „Полска“ во наредните денови ќе се обиде да разјасни се со претставниците на Европската радиодифузна унија, која е организатор на Евровизија.

Ќе им биде врачен протест од ТВП и барање за подобрување на транспарентноста на гласањето и распределбата на бодовите, „за да се избегнат непотребни забуни во иднина“.

Така, ТВП им се придружи на радиодифузерите на Црна Гора, Романија, Грузија и Азербејџан во барањето појаснување од ЕБУ.

Инаку, полскиот претставник Окман во финалето заврши на 12. место со песната „Река“.

Ова е најдобар резултат за Полска од 2016 година, кога Михал Шпак го освои осмото место во Стокхолм.

Полска за прв пат учествуваше на Изборот за песна на Евровизија во 1994 година, заедно со голем број други источноевропски земји.

Нивната дебитантска година беше и нивниот најдобар резултат досега - Едита Горнијак се најде на второто место со песната „Не сум јас!“.

По ова Полска не успеа да го повтори почетниот успех, само уште еднаш се најде во топ 10, по долго отсуство од натпреварувањето од кое се повлече поради финансиски тешкотии.

Тие се вратија на Евровизија 2014 и беа во финалето секоја година до 2017 година.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk