Ѓоковиќ освои титула и застана до "кралот Леонид" и викнал: Ова... е ... Спарта (видео)

Една од нај неверојатните сцени на годинешниот УС Опен видена по завршување на финалето во кое Новак Ѓоковиќ го совлада Нуан Мартин Потра.

Ноле беше отипишан од тенисот кон крај на 2017 година.

Еден од оние кои верувал во Ѓоковиќ "верба во невозможни", подвизи после долгото отсуство, бил и останал шкотскиот глумец Џерард Батлер. 

https://twitter.com/BasiaID/status/1039025702249660417

Батлер го сака Џоковиќ. Кога и да е во можност, го гледа, го бодри со цело срце. Шкотот, покрај филмските улоги, се прославил и како Леонид, крал на Спарта, кој во долината Термопил, заедно со малубројни јунаци, застанал пред илјада Персијанци и се борел со нив.

Една од нај впечатливите сцени во филмот "300" кога "Кралот Леонид", односно Батлер, наместо да прифати капитулација пред неспордливо поголема сила од онаа со која располага, персискиот пратеник со "поздрав" извикал "Ова е Спарта", притоа со нога го турка во бездна.

Токму тој "поздрав" , во споменатиот филм од 2007, почнал да се користи во многу прилики, повеќе како шега отколку сериозно, но секој пат означувал отпор на лошиот исход на настаните, односно борба до самиот крај. Слично на тоа било и држењето на Ѓоковиќ, овде добро познатата верба во невозможно, и верба дека чуда се случуваат – ако со душа и тело се посвети на работа за таа да се оствари.

И како што Ѓоковиќ одиграл маестрално во финалето, Батлер му се придружил во прославата после мечот.

Секако тоа неможело да помине без заедничко извикување :
"Ова... е ... Спарта", а како моќно изгледа таа сцена во Њујок можете да претпоставите.

 

 

Поврзани

Најнови вести

Коментари