logo
logo
logo

Видео

Гастоз откри зошто јадел ќотек на настап во Македонија

Vecer | 02.04.2021

Гастоз откри зошто јадел ќотек на настап во Македонија

Најубаво се чувствувам кога сум дома, кога спијам, вели Гастоз кого јавноста прво го запозна како јутјубер. Откако покажа кој е и што е, стана дел од реалните шоуа во соседството, за по некое време да влезе и во светот на музиката каде прилично добро се снаоѓа.

Додуша не му оди баш со фановите, особено македонските, ама вели тоа не му е проблем да ја сака Македонија. Признава тоа што кај нас јадел ќотек и до крајот на животот ќе носи белег над усната го сфатил само како опомена од некој од горе.

- Тоа се случи спонтано и еве си носам спомен од македонско девојче ха, ха, ха... Типот што ме тепаше ме опамети, и фала му... Сега што е на устата малку ме нервира, ама тоа е, некој ми прати некој поздрав од горе брате, вели Гастоз и додава: - Се се случи на 1 јануари денот на раѓање на мојата мајка, па се повеќе верувам дека тоа е некоја порака малку да се смирам. Верувај ми се смирив, сега е добро. Не сум мирен целосно, но малку повеќе размислувам. Може и научив нешто од тоа. Се случи, не можам да го вратам времето. Ама мене Македонија ми е супер, па тоа е само една работа, што се не имало...

А што друго откри седнат на Жешкото столче дека му се случувало додека бил кај нас погледнете во продолжение:

[embed]https://www.youtube.com/watch?v=9Za337uX4MI[/embed]

 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk