logo
logo
logo

Гарванлиев ГО ВИДЕ ИСУС ВО БУГАРСКОТО ЗНАМЕ од спотот

Vecer | 12.03.2021

Гарванлиев ГО ВИДЕ ИСУС ВО БУГАРСКОТО ЗНАМЕ од спотот

По промоцијата на евровизискиот спот за песната „Here I stand“ со којашто Васил Гарванлиев ќе нè претставува на 65-тото издание на „Евровизија“, јавноста ги забележа на бугарското знаме, па реакциите по социјалните мрежи се дека ова претставува намерна или случајна провокација.

Струмичанецот Гарванлиев, во разговор за „Фокус” вели дека без потреба се прави скандал, бидејќи боите кои се гледаат во позадина, сепак немаат врска со соседна Бугарија.

Луѓето обожаваат да прават скандали без потреба и сакаат да прават драми. Нека е… Овие се прекрасни дела во Даут Пашин Амам во Скопје, и многу сум горд што ми беше дозволено да снимам таму.

Се распрашав за делото за кое се коментира. Станува збор за дело за кое инспирација е Исус Христос, а бугарското знаме е хоризонтално, не вертикално, што може јасно да се види. Ова дело нема никаква врска со Бугарија, вели тој за весникот.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk