logo
logo
logo

Неверојатно

Фустанот на Кери Бредшо кој крена прашина чини САМО 6 долари!

Vecer | 22.01.2022

Фустанот на Кери Бредшо кој крена прашина чини САМО 6 долари!

Веројатно ви е тешко да поверувате дека некои од фустаните што ги носи актерката Сара Џесика Паркер во продолжението на култната серија „Сексот и градот“ вредат само пет долари, а се купени во продавници за „втора рака“, наведуваат костимографите на HBO за "Page Six".

Имено, Моли Роџерс и Дени Сантијаго, костимографи кои работеле на новата сезона на серијата „And just like that“, откриваат дека одредени фустани на новинарката Кери Бредшо немаат етикета на скап бренд и дека се купени во продавници за „втора рака“ . Тие додале и дека некои креации чинеле меѓу пет и шест долари.

Обожавателите на култната серија имаа поделени коментари кога е во прашање модниот израз на познатата Кери во новата сезона уште додека се снимаше серијата, а медиумите постојано објавуваа фотографии од сетовите.

За еден специфичен фустан, фановите мислеа дека му припаѓа на брендот Форевер 21, но Дени Сантијаго тоа го демантирал.

„Се работи за фустан кој навистина чини шест долари и е купен во некоја рандом продавница во Њујорк пред неколку години. Подоцна дознавме дека брендот има многу сличен фустан, со многу сличен дизајн, но не е истото парче облека“, објаснил тој.

 

Како што понатаму наведува, пандемијата ги инспирирала да одат на старомоден начин на облекување.

„Не сакавме да трошиме многу пари на скапи фустани. Мислиме дека ниту Кери Бредшо во серијата, по пандемијата, не би го направила тоа. Наместо тоа, се одлучивме за некој винтиџ изглед“, рекол Дени.

Некои изданија на познатата колумнистка привлекоа големо внимание - како луксузните фустани, комбинезони и чевли, а нејзините изданија на снимањето на серијата погледнете во галеријата подолу:

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk