Француски рапери казнети со по 50 илјади евра поради тепачка на аеродром

Францускиот суд осуди двајца француски рапери со по 50.000 евра поради тоа што се степале со членови на банда на парискиот аеродром Орли, по што дошло до одложување на летови, а била причинета и материјална штета.

Според „Ројтерс“, судењето овозможило увид во нивниот животен стил, кој се потпира на имиџот на лоши момци со цел за зголемување на продажбата на албуми и синглови, но понекогаш се манифестира и во реални ситуации.

Покрај паричните казни, на раперите Буба (Booba) и Карис (Kaaris) им е изречена и условна казна затвор. Двајцата музичари не беа присутни на изрекувањето на денешната пресуда.

При тепачката на аеродромот била причинета штета од неколку десетици илјади евра, а стотици патници морале да се соочат со одложени летови.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари