logo
logo
logo

(ФОТО) Зад убавото лице се криело ѕвер-НА МИСИЦА И СЕ ЗАКАНУВААТ 50 ГОДИНИ ЗАТВОР

Vecer | 23.02.2021

(ФОТО) Зад убавото лице се криело ѕвер-НА МИСИЦА И СЕ ЗАКАНУВААТ 50 ГОДИНИ ЗАТВОР

Мексиканската мисица, Лора Мохика Ромеро (25) се најде во центарот на вниманието на јавноста, но овој пат не поради нејзината убавина, туку затоа што ѝ се заканува затвор од 50 години.

Имено, постои сомневање дека таа играла голема улога во организираниот криминал, поточно во киднапирањето девојчиња со цел да ги воведе во светот на проституцијата.

Ромеро е позната во Мексико затоа што во 2018 година ја освои титулата Мис Оахака и учествуваше на националниот натпревар за Мис. Потоа се обиде да работи како водителка, но се повлече поради „други обврски“.

Заедно со осум други осомничени, таа беше уапсена на 11 февруари во Веракруз и се товари за киднапирање и тортура на девојчиња.

Лора, наводно, била член на оваа група три години. Таа служеше како мамка за млади и убави девојки на кои би им понудила работа како модел и добар приход, а всушност, по киднапирањето, ќе ги наведела на проституцијата и на црниот пазар.

Лора имала три апартмани во елитните делови на градовите во Веракруз и Оахака. Во договор со група криминалци околу неа, таа ќе им понудела на девојчињата да ја поминат ноќта таму, а потоа ќе ги дрогирала додека не дојдат другите за нив.

Според мексиканските портали, Лора била мозокот зад киднапирањето на девојките, како и за убедување на нивните семејства дека моделирањето е вистинската работа за нив.

Таа во моментов е во затвор во градот Уатуску.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk