За новото „Icon Issue“ на „Vanity Fair“, легендарната пејачка се трансформираше во Мајка Богородица и на нејзините гради стави срце прободено од меч со златен вез. Пејачката исто така преработила и сцени од „Тајната вечера“, преземајќи ја улогата на Исус кој стои на раскошно ќебе додека верните следбеници паѓаат пред нејзините нозе.

– Во ова специјално издание, Мадона повторно станува Мадона: икона. Не само олицетворение на музички тренд или стил на облекување, туку фигура колку што е вознемирувачка, толку и света – изјави шефот на уредувачката содржина на „Vanity Fair France“.

„Таа ќе оди во пеколот“, „Одвратно“, „Зошто оваа бледо бела вештерка не може да го остави христијанството на мира?“, „Ова е толку непочитување“, се само дел од лошите коментари на Твитер.