logo
logo
logo

(ФОТО) Нивес одново во провокативно издание-Деколтето во прв план

Vecer | 08.04.2021

(ФОТО) Нивес одново во провокативно издание-Деколтето во прв план

Нивес Целзијус објави фотографија од Опатија на Instagram и зборуваше за љубовта, а овојпат во преден план беше нејзиниот буен заштитен знак.

Нивес Целзијус им се пофали на своите обожаватели дека ужива во чудесната Опатија, од каде објави фотографија од бујното деколте во преден план, а исто така зборуваше и за љубовта.

„Дали сте заљубени? Јас сум и малку заљубена овие денови. И љубовта е поубава во Опатија“, напиша Нивес, заинтригира многумина со своите зборови и се прашуваат дали конечно повторно е заљубена.

Нивес неодамна гостуваше во емисијата „Здравје на квадрат“ во која зборуваше за нејзината врска со поранешниот сопруг и пензиониран фудбалер Дино Дрпиќ и рече дека сè уште знае да му зготви и дека тие останале во многу добар однос по разводот. И призна дека не внимава што јаде, туку ужива во храната.

„Не си скратувам ништо затоа што немам проблем да имам малку, ајде да го наречеме така „подебела“ фаза или малку потенка фаза. Што ја одржува мојата линија константна? Кога работам, јадам малку “, рече Нивес.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk