Фото: Кортни во мини венчаница

43 годишната Кортни на мала свадба реши по втор пат да му каже „да“ на музичарот Тревис Баркер.
Двојката за прв пат се венча во Лас Вегас, а сега одлучи да одржат официјална свадбена церемонија дома, во Санта Барбара.
Парот се сврши во октомври 2021 година, а сега си размени завети пред мал број луѓе.
На малата интимна церемонија изненадувачки ги немаше сестрите на Кортни од кланот Кардашијан Џенер, Ким, Клои, Кајли и Кендел , но беаприсутни бабата на Кортна и таткото на Тревис.
За големиот ден Кортни избра мини бел фустан, прилично необичен модел за венчаница. Фустанот има длабоко деколте, а на сè додаде соодветен превез и проѕирни ракавици. Изборот на чевли изненади многумина и затоа што носеше темноцрвени салонки, а на свадбите претежно младите носат бели или слични тонови.