Во интервју за магазинот таа зборува за родителството, но и за тоа како тоа и помогнало да го надмине нарушувањето во исхраната.

„Горда сум на своето тело. Горда сум што ми создаде три деца“, изјави актерката.

Хилари во интервјуто направи ретроспектива на своите животни искуства, па откри дека нејзиниот проблем со исхраната датира уште од тинејџерските денови – од 17-годишна возраст.