logo
logo
logo

Фото: Кејт Мидлтон во прекрасен бел фустан и омилената тиара на Лејди Ди

Vecer | 24.11.2022

Фото: Кејт Мидлтон во прекрасен бел фустан и омилената тиара на Лејди Ди

Принцезата од Велс изгледаше прекрасно на државната вечера со јужноафриканскиот претседател во Бакингемската палата.

Омилената британска принцеза во оваа прилика одиграла на веќе „проверената карта“ на свечената вечера блеснала во креацијата на омилената дизајнерка Џени Пекам,а на главата ја носела својата главна декорација за ваквите пригоди - тијарата „The Cambridge Love Knot“.

Принцезата, 40-годишната Кејт Мидлтон, е долгогодишен обожавател на креациите на дизајнерката Џени Пакам и ги носела многу пати. Елегантниот бел фустан прекрасно ја истакна нејзината фигура, правејќи ја да изгледа како вистинска модерна принцеза.

„Lover's Knot“ (Љубовниот јазол), дијадема нанижана со дијаманти и бисери, некогаш и припаѓала на  мајката на нејзиниот сопруг Вилијам, легендарната  принцеза Лејди Ди (тоа беше подарок од кралицата Елизабета на покојната принцеза).

Импресивната тиара е направена во 1914 година од кралски накит, а принцезата Дијана ја ставала на глава во посебни прилики. Кејт носеше и обетки кои некогаш и припаѓаа на принцезата Дијана и нараквица од кутијата за накит на кралицата Елизабета.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk