logo
logo
logo

Фото: 47 годишниот Буфон се ожени со новинарка

Vecer | 01.10.2024

Фото: 47 годишниот Буфон се ожени со новинарка

 Познатиот пар е во врска од 2014 година, а љубовната врска само што ја крунисаа со брак, па Буфон на 47-годишна возраст повторно стапна на „лудиот камен“.

Славниот голман инаку, зад себе има еден брак, а тоа беше со чешката манекенка Алена Шередова.

Овој брак на Буфон и Алена траеше само три години од 2011 до 2014 година и заедно имаат две деца.

Буфонот има еден син со ТВ водителка. Популарниот Џиџи е еден од најдобрите голмани на сите времиња, а со Јувентус и Италија освои голем број трофеи, меѓу кои и Светското првенство во 2006 година.

На свадбата на Буфон беа присутни и неговите колеги од одбраната на Јуве, легендите, Боничи, Кијелини...

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk