logo
logo
logo

ФОЛКЕРОТ БЕЗ ВЛАКНА НА ЈАЗИКОТ: Девојки се плашат од вакцини поради пород, а имале 11 абортуси

Vecer | 28.04.2021

ФОЛКЕРОТ БЕЗ ВЛАКНА НА ЈАЗИКОТ: Девојки се плашат од вакцини поради пород, а имале 11 абортуси

Аца Лукас е шокиран што некои жени несакаат да се вакцинираат бидејќи се плашат да се вакцинираат и дека тоа ќе им влијае на плодноста, а досега повеќе пати абортирале.

Фолкерот кој во февруари се вакцинирал со кинеска вакцина, огорчен е на антиваксери, за кои тврди дека намерно шират страв и паника меѓу луѓето.

- Слушам теорија на заговор кои се вртат дека ‘ако се вакцинираш нема да можеш да имаш деца’. Будалштини! Познавам девојки кои досега имале 11 абортуси, а сега одбиваат вакцина бидејќи се плашат дека нема да можат да раѓаат. Па чекај кој, кој овде е будала? ..се прашува Лукас на почетокот на разговорот и продлжува да удара по антиваксерите:

- Сите тие имаат интерес да зборуваат такви глупости. Единствено политичарите се мотивирани, другите се будали, третите се во секти... Но не можам да ги сфатам луѓето кои се под нивно влијание. Јас би им поставил неколку прашања: Колку години имаш? Колку пати си бил болен? Ти дал ли докторот да пиеш лекови? Дали си оздравел?. Да! Откаде знаеш дали тој лек што си го примил бил испитуван?

Пејачот примил кинеска вакцина

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk