logo
logo
logo

Флеш од „Лига на правдата“ демнел малолетник нудејќи му подароци

Vecer | 21.06.2022

Флеш од „Лига на правдата“ демнел малолетник нудејќи му подароци

Постојано се прашував зошто Езра е тука. Како, зарем немате „холивудски работи“ да правите? Дали вашите филмови не излегуваат? Рекла мајка од Масачусетс. Актерот Езра Милер (29) наводно го демнел нејзиното 12-годишно дете нудејќи му подароци.

Мајката и нејзиното дете добија привремена мерка на заштита бидејќи Окружниот суд Гринфилд во Масачусетс утврди дека „постои голема веројатност за непосредна опасност од вознемирување“.

Мајката рече дека тие го запознале Милер преку познаници во февруари. Таа рече дека актерот на почетокот изгледал пријателски настроен, но дека набрзо се посомневала во неговиот однос со нејзиното дете. Таа, исто така, му кажа на судијата дека Езра сакал да купи подароци за нејзиното дете, вклучително и коњ, дури и откако претходно ги одбила неговите понуди.

Да потсетиме, актерот неодамна нападнал непозната жена, а несреќната госпоѓа завршила лечејќи исекотина на челото.

Проблематичниот актер фановите го засакаа поради неговата улога како Флеш во филмовите „Лига на правдата“

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk