logo
logo
logo

ФБИ спроведе истрака: Алек Болдвин ПУКАЛ, АМА СМРТТА БИЛА НЕСРЕЌА

Vecer | 14.08.2022

ФБИ спроведе истрака: Алек Болдвин ПУКАЛ, АМА СМРТТА БИЛА НЕСРЕЌА

Истрагата на ФБИ покажала дека Алек Болдвин го повлекол чкрапалото на пиштолот што уби снимателка на сетот на филмот „Rust“.

Болдвин случајно ја застрела Халина Хачинс за време на снимањето на филмот во октомври 2021 година, но тврдеше дека тој всушност не го повлекол чкрапалото. Сепак, новата форензичка истрага на ФБИ вели дека не можело да бидат испукани куршуми од оружјето без физички да се повлече чкрапалото, пишува Sky News.

„Пиштолот не можеше да пука без да го повлече чкрапалото“, се вели во извештајот

„Начинот на смрт е несреќа“

Во извештајот смртта на снимателката е окарактеризирана како „несреќен случај“.

„Смртта настапила од прострелна рана во градниот кош. Прегледот на достапните извештаи за спроведување на законот не покажа убедливи докази дека огненото оружје намерно било наполнето со муниција во моментот на пукањето“, се вели во извештајот.

„Врз основа на сите достапни информации, вклучително и отсуството на очигледна намера да се предизвика повреда или смрт, начинот на смрт најдобро се класифицира како несреќа“, се заклучува.

Актерот, кој беше и продуцент на филмот, претходно изјави дека не го повлекол чкрапалото и дека нема поим како вистинскиот куршум завршил на снимањето. Властите исто така ги обвинија продуцентите на филмот дека не ги почитувале безбедносните протоколи и ги казниле со 136.793 долари.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk