logo
logo
logo

ФБИ ја "брка" Ким Кардашијан: Бараат од неа да врати украдена статута, а таа вели дека не е кај неа!

Vecer | 06.05.2021

ФБИ ја "брка" Ким Кардашијан: Бараат од неа да врати украдена статута, а таа вели дека не е кај неа!

Американската Влада бара од старлетата Ким Кардашијан (40) да се откаже од античката римска скулптура која илегално била шверцувана од Италија.

Впрочем, Ким ја купила статуата позната како „Фрагмент од Сајонска Атина на Мирон“ од „Галеријата Аксел Верворд“ во Белгија во 2016 година, пишуваат странските медиуми.

Античкото уметничко дело – кое датира од I или II век – било запленето кога пристигнало во Лос Анџелес во мај 2016 година, откако американските власти биле предупредени дека можеби станува збор за заштитено културно богатство, се наведува во извештајот.

Документите покажале дека увозникот на статуата е наведен како „Ким Кардашијан, Даел Ноел Робертс Труст“.

Понатамошното испитување на документите поврзани со статуата имало одредени отстапувања, поради што службените лица се посомневале од каде, всушност, потекнува ова уметничко дело.

Италијанското Министерство за културно наследство во 2018 година испрати археолог да го испита делото. Експертот потоа заклучил дека оваа статуа е украдена, шверцувана и нелегално извезена од Италија, наведувајќи дека државата Италија ја бара назад.

ФБИ ѝ наредил на Ким Кардашијан да се одрече од делото, а поднеле и тужба за конфискација на имот во петокот, во Калифорнија. Нема индикации дека Ким била свесна за потеклото на статуата.

Статуата била дел од пратката што содржела околу 40 антиквитети и парчиња мебел, заедно во вредност од 745.882 долари, наменети за Ким Кардашијан.

– Ким никогаш не го купила ова парче и првпат дознава за неговото постоење. Веруваме дека делото е можеби неовластено купено со помош на нејзиното име, и со оглед на тоа дека никогаш не пристигнало на нејзината адреса, таа не била ниту свесна за каква било трансакција. Ја поттикнуваме понатамошната истрага и се надеваме дека статуата ќе им биде вратена на вистинските сопственици – рекол претставникот на Ким Кардашијан на оваа тема.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk