logo
logo
logo

Фановите на Бијонсе собираат донации за да купат билети за нејзиниот концерт: Малку значи многу

Vecer | 05.02.2023

Фановите на Бијонсе собираат донации за да купат билети за нејзиниот концерт: Малку значи многу

Многумина од нив детално опишаа колку сакаат да ја гледаат 41-годишната пејачка во живо на концерт. Еден корисник по име Џамаал, кој се моли за пари, напиша дека „ситуацијата е сериозна“ и дека одењето на концертот на Бијонсе е „единственото животно искуство што сака да го има пред да умре“.

„Како и да е, ќе добијам билети од првиот ред, но вака е побезбедно отколку да го продадам бубрегот на црниот пазар. Шегата настрана, само да се биде во салата би било најневеројатната работа досега. Затоа, помогни ми брат ако можеш. Запомнете центите се претвораат во долари „Малку значи многу. Ви благодарам однапред“, напиша тој.

Лице по име Надија направила колаж кој вклучува фотографии од неа и Бијонсе. „Знам што мислите. Никој нема да ми даде 2.000 долари за да ја видам Бијонсе, но јас ја сакам Бијонсе од мојата втора година... Само треба да ја гледам во живо и да дишам ист воздух со неа.“, напиша таа.

Корисничката Макајла напишала дека Бијонсе е нејзиниот омилен уметник на сите времиња и инспирација со децении. „Се сеќавам кога бев мало девојче, на семејни патувања во автомобил, не се свиреше ништо друго освен хитови на Destiny's Child“, изјави таа.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by Beyoncé (@beyonce)

За потсетување, побарувачката за билети е веќе голема со оглед на тоа што ова е прва соло турнеја на Бијонсе од 2016 година, а претпродажбата на билетите за нејзините настапи во Велика Британија започна во четвртокот. Билетите ќе бидат пуштени во редовна продажба во вторник.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk