logo
logo
logo

Евровизија следната година во Велика Британија? Украинскиот министер за култура: Веруваме (ФОТО)

Vecer | 18.06.2022

Евровизија следната година во Велика Британија? Украинскиот министер за култура: Веруваме (ФОТО)

Европската радиодифузна унија (ЕБУ) во своето официјално соопштение објасни дека следната година Евровизија, и покрај победата на Украина, ќе се одржи во Велика Британија.

После тоа се огласи и украинскиот министер за култура Александар Ткаченко кој рече дека оваа земја ги исполнува сите услови за одржување на следната Евровизија.

„Украина не се согласува со оваа одлука. Немавме можност да разговараме за други опции. Сметаме дека имаме причини зошто треба да ги продолжиме преговорите за да дојдеме до решение кое ќе ги задоволи двете страни“, напиша Ткаченко на Твитер.

Тој понатаму додаде дека Украина е победник на овогодинешниот Евросонг и дека ги исполнува сите услови за одржување на следниот Евросонг и дека ги исполнува сите безбедносни стандарди и има неколку сали каде би можело да се одржи натпреварот.

„Одржувањето на Евровизија во 2023 година во Украина би било јасен знак дека светот нè поддржува. Ќе бараме промена на одлуката, бидејќи веруваме дека можеме да ги исполниме сите услови и тоа неколку пати го потенциравме до Европската радиодифузна унија. " тој додаде.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk