logo
logo
logo

Еве зошто ЦЕЦА и МИЛИ завршиле на СУД

Vecer | 15.09.2021

Еве зошто ЦЕЦА и МИЛИ завршиле на СУД

Светлана Цеца Ражнатовиќ открила на снимање на првата емисија оваа сезона “Ѕвездите на Гранд“, дека е на суд со Александар Милиќ Мили, откако во медиумите се шпекулирало дека тие двајцата не се во добри односи.

Цеца истакнала дека се на суд, но дека се цивилизирани луѓе кои разговараат. После тоа, почнало да се шушка и претпоставува поради што се на суд, каде што во еден момент дошло до конфликт на интереси.

Како што пренесуваат медиумите, се започнало кога Цеца сватила дека Мили се регистрирал како сопственик на фонограми на сите албуми кои ги работел со Цеца.

- Договорот беше сосема поинаков, поради што Цеца, после ова сознание, одлучила да ангажира адвокат и да покрене сутска постапка против некогашниот соработник - раскажува изворот.

- Проблемот е во тоа што лице кое има сопственост над фонограмите, има право од сите дигитални платформи монетизира пари. Во превод, да наплатува и профитира. Во моментот кога Цеца и Мили работеле на албуми немале договор. Тој зборувал дека секоја песна во целост и припаѓа на Цеца, со обзир на тоа дека работата врз секоја песна му било платена, и тоа дека Цеца сама го финансирала секој свој албум во целост. Мили, како соработник, за својата работа бил платен онолку колку што барал и колку што било договорено. Меѓутоа, тој без знаење на Цеца себеси се регистрирал како сопственик на фонограми – раскажува изворот.

- Цеца на суд бара да се смени сопственик на фонограми, и наместо Мили да пишува дека е таа. Меѓутоа Мили за тоа бара компензација во пари. Наводно станува збор за неколку стотини илјади евра. Тој тоа го бара на база на тоа што Цеца од него, бидејќи тој се води како сопственик на холограми, за секое изведување на песна која тој ја работел требала да побара дозвола, согласност. Значи тука се во прашање сите изведувња, сите концерти. Тоа е доста заплеткано – раскажал изворот.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk