Еве како ќе го казни Русија Роби Вилијамс поради средниот прст

Можеби Роби Вилијамс мислел дека неговиот подигнат среден прст на церемонија на Светското првенство во фудбал ќе помине неказнето, но со тој потег го прекршил рускиот закон, па ќе мора да понеси одговорност.

Со подигање среден прст Роби Вилијамс го прекршил законот од 2014 година каде према неговите одредби, неговиот гест е недозволен потег на јавни настани, пишува британскиот "Сан".
Законот за недозволени работи пропишува казна од 42 фунти. "Средниот прст" нема да му го оштети буџетот на музичката ѕвезда, но го донесе на мета на најостри критики кои секако не се баш пријатни за една голема ѕвезда, на кого не му беше потребен таков гест.

Се претпоставува на кого бил наменет прстот, но како што пишува "Сан", Роби ги "поздравил" сите оние кои го критикувале што ја прифатил поканата да настапи на отварањето на Мундијалот.

Поврзани

Најнови вести

Коментари