Еве како Кејти Пери јавно ја понижи Тејлор Свифт

Станува збор за поп пејачката Тејлор Свифт и Кејти Пери кои некогаш биле добри пријателки, но потоа нивното пријателство се распадна и започна се да се движи во погрешна насока. Нивната меѓусебна нетрпеливост трае со години, па постојано се напаѓаат една со друга.

Двете музички ѕвезди се некогашни пријателки кои откако Тејлор наводно се обидела да ја саботира турнејата на русокосата Кејти, се отишло во погрешна насока.

Потоа следуваше песната "Bad Blood", која Тејлор ѝ ја посвети на Кејти, а Кејти ѝ ја посвети песната "Swish Swish" на Тејлор.

Свифт потоа се повлекла од јавноста и престанала да се дружи и со други славни лица, но новиот албум "Reputation", поточно со песната "Look What You Made Me Do", повторно "удри" по своите непријатели, а место во видео записот доби и Кејти која ја глуми Тејлор, но Кејти не реагирала воопшто.

И кога конечно помисливме дека расправијата е конечно завршена, Кејти дополнително ја "вжештила" ситуацијата, но Вас Ве оставаме да процените дали станува збор за навреда или не.

Имено, за време на музичкото шоу "American Idol", во кое Кејти е судија, еден од натпреварувачите изјавил дека тој е голем обожавател на Тејлор Свифт, па ѝ рекол:

"Извини Кејти", а пејачката одговорила: "Ох, и јас ја сакам Тејлор, но како текстописец".

Медиумите веднаш започнаа да дискутираат за тоа што мислела Кејти кога го изјавила тоа, па се смета дека Кејти сакала да истакне дека Тејлор е лоша личност, но добар текстописец.

Поврзани

Најнови вести

Коментари