Во чест на Илинден, Тајзи го промовираше новото видео за песната „Парадокс“.

Спотот е дело на режисерот Даниел Јовевски, а сниман е на Мечкин Камен, Македониумот, Галеријата на Никола Мартиновски во Крушево и во Музејот на македонска борба во Скопје. 

 

Музиката за „Парадокс“ е на Лазар Цветковски, Тајзи и Кристијан Николов,  аранжманот на Л. Цветковски  и Сајов, а текстот кој го отсликува парадоксот на времето во кое живееме го напиша Драган Величковски- Тајзи.