logo
logo
logo

Емина призна: Мустафа две години НЕ ПЛАЌА алиментација

Vecer | 24.02.2021

Емина призна: Мустафа две години НЕ ПЛАЌА алиментација

Пејачката Емина Јаховиќ проговори за односот со поранешниот сопруг, турската ѕвезда Мустафа Сандал и призна дека тој не ги исполнува обврските кон нивните синови.

Таа додала и дека тоа нивни, заеднички деца и двајцата имаат должност да се грижат за нив, како и дека Мустафа би требало да им објасни на синовите зошто не е така.

- Ако навистина не сака да ги исполнува своите обврски кон децата, и покрај тоа што може да си го дозволи, мислам дека своите причини треба да им ги објасни на децата, а не мене. Ако децата на овој свет сме ги донеле заедно, должност ни е заедно и да се грижиме за нив, заклучила Емина.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk