logo
logo
logo

Емина Јаховиќ и Мустафа Сандал се на суд поради недвижнини вредни 20 милиони евра

Vecer | 21.01.2022

Емина Јаховиќ и Мустафа Сандал се на суд поради недвижнини вредни 20 милиони евра

Добро упатен извор за „Информер“ вели дека Емина не сака да ја напушти куќата. каде живееле заедно со синовите Јаман и Јавуз, додека пак Мустафа сака да ја продаде и да купат станови, со тоа што поголем дел од парите од продажбата би му пропаднале нему. Куќата има два базена, терен за голф, шест спални, теретана и прекрасен поглед на градот.

„Покрај луксузната вила, пејачите се караат и за музичкото студио кое заедно го купиле за четири милиони евра. Емина најголемиот дел од времето го поминувала таму, а таму се напишани сите нејзини песни во последните години. Затоа смета дека студиото треба да ѝ припадне по разводот. Сè што заработила во бракот од песни, реклами и од својата козметичка линија го ставала на заедничка банкарска сметка. Во меѓувреме, Мустафа од својата заработка издвојувал и префрлал на тајни сметки. Никој освен него не знае колку пари сокрил од Емина“ - објаснува соговорникот за споменатиот весник.

Извор: objektiv.rs

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk