Емина Јаховиќ заврши во болница-семејството не знае што да прави

Поради стресот што го доживеа околу разводот со Мустафа Сандал, Емина Јаховиќ загуби десет килограми за еден месец, тврдат блиските пријатели на пејачката.

Тоа ги загрижи нејзината мајка и постариот брат Мирсад, кој буквално и резервирал авиобилет за Лондон и и закажал преглед на една од најпрестижните лондонски клиники, каде што Емина ги направила потребните анализи и каде што лекарскиот тим и поставил дијагноза и и препишал терапија.

-Мирсад веќе не можеше да гледа како ги губи килограмите. Познато е дека таа и порано имаше проблеми со варење на храната, па осцилациите во нејзината килажа беа очигледни, но сега станаа загрижувачки. Емина речиси по секој оброк имаше мачнина и не можеше да ја свари внесената храна. Стресот поради разводот со Мустафа и ја влоши состојбата и загуби 10 килограми за еден месец. Едноставно, желудникот почна да и ја одбива храната и состојбата и стана алармантна, открива добро ифромиран извор за Телеграф.рс.

Емина во последно време се жалела и на чести несвестици, што било знак за нејзината мајка да ја натера да оди во Лондон и да го послуша брата си. Прегледите на клиниката покажале дека пејачката има нарушување во исхраната и пропишана и е соодветна терапија. Експертите ја предупредиле да јаде почесто помали оброци за да го навикне желудникот на храна, а со поголемо количество храна би можеле да и се зголемат и килограмите. Пејачката ги прифатила советите на лекарите, но продолжила со интензивни тренинзи, што не се препорачува во нејзиниот случај.

Поврзани

Најнови вести

Коментари