Емина Јаховиќ изгледа решила малку да се одмори од проблемите со кои се соочува во последно време, па заминала во потоплите краеви. Инаку, таа се најде во центарот на вниманието на јавноста откако откри дека поранешниот сопруг Мустафа Сандал со години не плаќал алиментација за синовите.

Каде заминала не сакала да открие, но каде и да е очигледно нема намера да се откаже од луксузот. На фотките кои ги објавила не останала незабележана чантичката од познат бренд која е исклучително скапа, односно моделот што го носи Емина чини околу 4 200 евра.