logo
logo
logo

Ема Томсон се соблече во новиот филм: Ова претходно не можев да го направам (ВИДЕО)

Vecer | 23.06.2022

Ема Томсон се соблече во новиот филм: Ова претходно не можев да го направам (ВИДЕО)

Ема е во главната улога, сценариото го напиша Кети Бренд, а режисер е Софи Хајд. Филмот веќе е рангиран меѓу најдобрите комедии за 2022 година.

Бренд и Хајд направија нешто невидено - 63-годишната Ема Томпсон се соблече. Освен што соблекувањето на жени постари од 50 години е реткост, овој филм е посебен и по тоа што Ема Томпсон досега не се соблекла за ниедна улога.

Во филмот Ема глуми вдовица и учителка која цел живот била во врска само со еден маж, а сега на 55-годишна возраст бара добар секс. Во интервју за Entertainment Weekly, таа отворено ја коментирала својата голотија во филмот.

„За мене беше предизвик да се појавам гола на 62 години“, рече Ема Томпсон, која во една сцена од филмот застанува пред огледало и се соблекува. „Мислам дека не можев да го направам тоа порано. Од друга страна, годините во кои сум сега го прават тој потег исклучително предизвикувачки, бидејќи не сме навикнати да гледаме тело на филм што не е компјутерски обработено.“ 

Заплетот на филмот е следниов: пензионираната Ненси (Ема Томпсон) најмила сексуален работник по име Лео Гранде (Дерил Мекормак) за да ги исполни желбите кои досега не си ги исполнила. Филмот зборува за жена која целиот свој живот го живеела според општествено прифатливи норми и правила, што на крајот се коси со нејзините вистински желби и импулси.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk