logo
logo
logo

Елтон Џон е заразен со коронавирус

Vecer | 26.01.2022

Елтон Џон е заразен со коронавирус

74-годишниот Елтон Џон е позитивен на коронавирус.

 Имено, познатиот музичар претходно бил вакциниран со две дози и добил бустер. Моментално има благи симптоми, но поради инфекцијата морал да откаже два концерта, пишува Мирор.

„Со тага објавуваме дека турнејата во Далас „ Farewell Yellow Brick Road “ , закажана за вторник, 25 јануари и 26 јануари, ќе мора да биде откажана поради Елтон, кој неодамна доби позитивен тест за Ковид-19“, се вели во соопштението кое го испрати тимот на пејачот.

За целата ситуација со короната проговори и самиот пејач на својот Инстаграм профил:

„Здраво на сите! Тука сум да ве известам дека сум заразен со коронавирус и дека морав да ги одложам настапите во Далас. Ако имате билети, наскоро ќе ве известиме за новите датуми за концерти. Секогаш е големо разочарување кога настапите треба да се одложат. Жал ми е, но морам да се заштитам себеси и мојот тим. За среќа, вакцинирана сум и моите симптоми не се сериозни. Очекувам да можам да настапам во Арканзас овој викенд. Како секогаш, ви благодарам за љубовта и поддршката и едвај чекам да ве видам“.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk