СПРЕМНИ ЗА ПЕЕЊЕ

Елена Миленковска и Кико од "Идол" ќе ги одмерат силите во Гранд!

Викендов ќе стартува новата сезона од музичкото шоу "Ѕвездите на Гранд", а како и секоја година, така и оваа, меѓу учесниците има голем број македонски кандидати, а меѓу нив и две веќе добро познати имиња на домашната јавност.

Викендов ќе стартува новата сезона од музичкото шоу "Ѕвездите на Гранд", а како и секоја година, така и оваа, меѓу учесниците има голем број македонски кандидати, а меѓу нив и две веќе добро познати имиња на домашната јавност.

Првиот е Христијан Тодороски - миленикот на помладата популација кој врвот во својата кариера го доживеа во 2011 година кога ги промовираше своите хитови "Пекол и рај" и "Сам на снегот". Беше ексклузивец на продукциите "План Б" и "Мак мјузик", а на своите видеа има речиси милион прегледи.

Второто познато име кое ќе си ја проба среќата во "Гранд" е пејачката Елена Миленковска, која промовираше неколку свои студиски песни, а понесе и награда за најперспективна млада македонска поп-пејачка на реномираниот радиски фестивал "МАРС 2016".

Инаку, Кико веќе има искуство со музички шоуа, со оглед на тоа што од анонимноста излезе благодарение на учеството во "Идол", а од "Гранд" вели дека нема преголеми очекувања и најважно му е да се претстави во најдобро светло.

Решив да си ја пробам среќата, немам очекувања, но се надевам на добар пласман. Најважно ми е да се претставам во добро светло и да отпеам како што треба, вели Кико, а дали ќе успеат да завршат во големото финале и какви добра ќе им донесе учеството во шоуто и нему и на Елена останува да видиме.

Поврзани

Најнови вести

Коментари