logo
logo
logo

Eксперти им ги прочитаа зборовите од усните: Еве што зборувале Хари и Вилијам

Vecer | 18.04.2021

Eксперти им ги прочитаа зборовите од усните: Еве што зборувале Хари и Вилијам

Принцовите Хари и Вилијам повторно се сретнаа на погребот на нивниот дедо, принцот Филип и по емотивната служба во капелата Свети Џорџ, беа забележани како заминуваат заедно и разговараат.

Погребот на војводата од Единбург беше прва средба на принцовите од минатата година. Врската помеѓу двајцата браќа значително се олади по одлуката на Хари да ги напушти кралските должности и потоа шокантното интервју што Хари и неговата сопруга Меган Маркл ѝ го дадоа на Опра Винфри во кое тие го обвинија кралското семејство за недостаток на емпатија и расизам.

Кога браќата ги отстраниле своите црни маски по завршувањето на службата, експертите за читање од усни тврдат дека Хари му рекол на својот брат дека погребот бил „онаков каков што сакал“, пренесува. Војводата од Кембриџ му одговорил: „Да, беше одличен, зарем не?“.

Хари, наводно, контактирал со своето семејство пред да дојде од Велика Британија од Соединетите држави, првпат по една година, за да ги реши несогласувањата пред погребот на принцот Филип. Неговата сопруга Меган (39), која е во напредна фаза на бременост, наводно сакала да присуствува на погребот, но лекарите не ѝ дозволиле.

За време на поворката, Хари и Вилијам одеа раздвоени, заедно со нивниот братучед Питер Филипс, и во капелата седнаа на спротивните страни, свртени еден кон друг. По завршувањето на службата, браќата направија кратка прошетка заедно, а потоа, според читателите од усните, Вилијам рекол дека службата била убава, особено музиката.

Експертот за говорот на телото Џуди Џејмс вели дека браќата пронашле утеха еден во друг по емотивната служба и дека изгледале „опуштено“ во „природниот момент на единство“ додека разговарале по погребот.

– Го видовме Хари како погледна кон Вилијам првиот пат кога излегоа од капелата и се простија од домаќините, но кога тие (Вилијам и неговата сопруга Кејт Мидлтон) заминаа, Хари ги стигна и одеше и разговараше со нив. По неколку моменти пријателски муабет, Кејт се повлече да разговара со другите, оставајќи ги браќата сами во навидум опуштена хармонија – рече Џејмс.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk