Едита ги напушти „Министерки“ - еве кој дојде на нејзино место

Едита Арадиновиќ неодамна на јавноста преку социјалните мрежи и соопшти дека повеќе нема да биде дел од групата „Министерки".

На нејзнино место ќе дојде пејачката од „Ѕвездите на Гренд", Кристина Дениќ.

Сексапилната пејачка викендов го имаше и првиот настап со групата на местото на Едита.

Имено, Кристина веќе година дена е придружен вокал на „Министерки", а настапот кој им беше закажан еден месец однапред мораше да се случи, но сепак не во намалена постава, туку со Кристина која застана во првиот ред со останатите „министерки".

Едита Арадиновиќ ја сметаат за една од најзгодните  млади пејачки во регионот,  а својот талент за пеење го покажа во шоуто „Твоето лице звучи познато“. 

Пејачката Едита Арадиновиќ неодамна ја обелодени веста дека повеќе нема да биде член на бендот Министерки туку ќе продолжи со соло кариера.Таа извесно време паузираше поради проблеми со здравјето по што следеше и прекин на настапите во јавноста.

Истовремено убавата Едита се наоѓа среде судски процес со основачите на "Министерки" Филип Милетиќ и Милош Рогановиќ, но за тоа не говори во јавноста. 

 

 

Поврзани

Најнови вести

Коментари