logo
logo
logo

Едина Муса и бившиот на Тамара вечерва приредија СВАДБА во познат скопски локал (ФОТО)

Vecer | 29.11.2024

Едина Муса и бившиот на Тамара вечерва приредија СВАДБА во познат скопски локал (ФОТО)

Поранешните кошаркари Едина Муса и Александар Димитровски-Мачка вечерва направија свадба во еден познат скопски локал.

Невестата која е во поодмината бременост блесна во припиена венчаница која ѝ го оцртува стомакот, а младоженецот одбра класичен костим.

На веселбата присуствуваа и двете деца кои Димитровски ги има со поранешната сопруга, поп-ѕвездата Тамара Тодевска.

Од споделените видеа на социјалните мрежи може да се види дека меѓу специјалните гости на свадбата бил Дарко Гелев-Брејк кој на младите им посака долг и среќен живот со безвременската балада „Лебедот бел“.

За микрофонот се фатил и Павле Камиловски, а меѓу познатите гости бил и шминкерот Александар Билјановски-Дадар.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk