logo
logo
logo

“Ѕвездите на Гранд“ или “Ѕвездите“ од ЖИРИТО...

Vecer | 18.03.2021

“Ѕвездите на Гранд“ или “Ѕвездите“ од ЖИРИТО...

Апро по соопштението на продукцијата на Гранд по повод дисквалификациите во “Ѕвездите на Гранд“...

Кога лонците и капаците ќе се измешаат тогаш страда “ручекот“(односно натпеварувачите), а тоа се случува токму во забавното шоу “Ѕвездите на Гранд“, кои ги надминува границите на едно пристојно и забавно шоу за она кое е наменето, и веќе наликува во реалити на “Задруга“, 1,2,3...

Во трка на гледаност и доминација на естрадната сцена, како да забораваат што е нивната основна цел, притоа губејќи ги од вид кандидатите кои доаѓаат од цел Балкан, со желба да го покажат својот талент, а не некои членовите на жирито да тверкат, или кан-кан претстава да изведуваат.

Убаво би било жирито да се однесува попристојно онака како што тоа го прават во мега шоу програми за млади таленти кои ги има САД, Англија и други земји каде што кандидатите се почитувани и респектирани од едноставна причина, ако ги нема нив ќе го нема и жирито - многу едноставо...

Продукцијата на Гранд наместо да размислува како да пишува соопшптенија за тоа зошто некој кандидат е дисквалификуван, можеби подобро би било да размислат за своето однесување и постапување бидејки скоро во секоја емисија, кандидатите како да поминуваат низ голгота и гилотина.

Во ситација кога пандемија на корона хара насекаде, невкусно е искусни и професинални членови на жири да се натпреваруваат со млади кои покрај сите ризици да настрадат од корона, покрај матерјалните трошоци кои ги имаат, да се соочуваат со некои членови од жирито кои лечат свои комплекси преобразувајќи во личен комерцијален ефект и бенифит.

И како за крај, правото останува на продукцијата на Гранд како ќе функционира, се додека кандидатите можат да издржат, ако издржат... во спротивно по читани ќе бидат постовите на ФБ за “талентите“ на жирито на ЅГ...

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk