logo
logo
logo

Ѕверката од „Се*сот и градот“ се вклучи во расправија меѓу Сара Џесика Паркер и Саманта: Неа секогаш ја бранам!

Vecer | 08.12.2021

Ѕверката од „Се*сот и градот“ се вклучи во расправија меѓу Сара Џесика Паркер и Саманта: Неа секогаш ја бранам!

Сара Џесика Паркер која ја глуми Кери и Ким Катрал која јадлуми Саманта во „Сексот и градот“ сè уште се во кавга, наводно откако Ким за време на снимањето дознала дека Сара заработува многу повеќе од другите актерки. Иако за кавгата јавно не се зборува, актерот Крис Нот (Ѕверката) застана на страната на Сара.

Искрено, не знам што мисли или какви се нејзините чувства“, изјави Крис за „The Guardian“.

- Многу сум близок со Сара и описите на Ким не се ни блиску до вистината. Ми се допадна, мислев дека е прекрасна во серијата, а некои луѓе продолжуваат понатаму од свои причини. Не знам кои беа нејзините. Посакувам целата работа никогаш да не се случеше бидејќи беше тажно и срамно“, рече тој, додавајќи дека не му се допаѓа кога некој зборува грдо за Паркер бидејќи таа лесно станува мета.

- Многу сум заштитнички настроен кон неа. Тоа е се што ќе кажам.

Катрал одби да глуми во третиот филм и продолжението на серијата „And just like that“, и покрај тоа Паркер се уште тврди дека нема кавга.

- Сакам сите да знаете дека меѓу нас нема кавга. Никогаш не кажав лош збор, ниту помислив нешто лошо – изјави Сара во интервју за Vulture 2018.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk