logo
logo
logo

Џони Деп е во врска со својата адвокатка

Vecer | 22.09.2022

Џони Деп е во врска со својата адвокатка

Џоел моментално е во процес на развод и не е познато кога точно започнала нејзината врска со Деп.

Извор за медиумите потврдил дека Деп со адвокатката се запознал дискретно во хотелите во раните фази на нивната романса, а таа допатувала во Вирџинија за да го поддржи за време на судскиот процес против Амбер Херд, иако тогаш немала професионална обврска за тоа.

Да потсетиме дека Деп претходно беше поврзуван со друга адвокатка, Камил Васкез, која брзо ги демантираше гласините.

„Тоа е сексистичко. Жално е и разочарувачки, но не можам да кажам дека сум толку изненадена“, рече тогаш таа.

Иако фановите навиваа Деп и Камил да станат пар, адвокатката веќе некое време е во среќна врска со британски претприемач за недвижнини, а изгледа дека Џоел во меѓувреме му го украде срцето на актерот.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk