logo
logo
logo

Џон Малкович бил избркан од хотел во Венеција- му истекла важноста на ковид- потврдата

Vecer | 20.01.2022

Џон Малкович бил избркан од хотел во Венеција- му истекла важноста на ковид- потврдата

Италијанските медиуми пишуваат дека на 68-годишниот актер му бил забранет пристап до собата што ја резервирал во познатиот хотел Даниели, кој се наоѓа во близина на плоштадот Сан Марко. Локалниот весник „Ил Газетино“ објавил дека Малкович морал да помине два дена во Венеција во изнајмен стан.

Инаку, Малкович ја снима серијата Рипли во Венеција. Хотелот одбил да го коментира инцидентот.

Во Италија, за пристап до хотели и ресторани, како и до јавниот превоз, неопходен е сертификат за ковид, добиен или по целосна вакцинација или ако некое лице се заразило со коронавирус во претходните шест месеци.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk