logo
logo
logo

Џенифер Анистон го почнува денот со кафе со колаген и објаснува зошто е корисно

Vecer | 15.05.2022

Џенифер Анистон го почнува денот со кафе со колаген и објаснува зошто е корисно

Таа го популаризираше повременото постење и вкусните смути, а неодамна сите го ископираа нејзиниот рецепт за салата, која таа ја јадела секојдневно полни 10 години на сетот на „Пријатели“.

Познатата актерка си игра со кучиња на отворено, оди во теретана, ужива со пријателите, а денот го започнува со шолја топло кафе помешано со колаген во прав.

Додатоците на колаген станаа хит во последниве години поради нивниот наводен потенцијал да го вратат младешкиот изглед и да ги зајакнат коските, ноктите и косата. Колагенот сам по себе е моќен протеин кој се наоѓа во коските, ткивото и 'рскавицата, а Eating Well одлучиле да истражат дали неговите додатоци се здрави и треба да се мешаат со кафе.

Некои научни истражувања се занимаваат со колагенот во прав. Нутриционистите го земаат како замена за протеинот од сурутка или грашок во прав, но не сите се подеднакво здрави. За најмногу здравствени придобивки се оние кои наведуваат дека содржат колаген пептиди или хидролизиран колаген, пишува споменатиот портал.

Џенифер сака додаток на колаген кој содржи и витамин Ц и хијалуронска киселина. Сепак, таквите додатоци може да бидат прилично скапи и не се нужно покорисни од конзумирање храна која содржи колаген како што е супа од коски или храна богата со витамин Ц, како што се агруми, бобинки и брокула.

„Дефинитивно не ви треба скап додаток на колаген за да имате силни коски и здрава кожа, коса и нокти“, вели диететичарот Викторија Сивер.

„Јадењето храна која содржи колаген, како супа од коски и пилешка кожа, може да помогне да се зголеми внесот на колаген, но најефективниот начин е да се фокусирате на конзумирање повеќе храна која помага во здравото производство на колаген во вашето тело, особено храна богата со амино киселини пролин и глицин и витамин Ц. Размислете за месото, рибата, млечните производи, јаткастите плодови, гравот, јајцата, пченични никулци и овошје, особено агруми“, препорача таа.

Статија од истражувачот др. Брук Расел вели дека колагенот нема да издржи температури повисоки од телесната температура, а посакуваните здравствени придобивки ќе бидат намалени или целосно отсутни. Затоа, колагенскиот прав, доколку веќе одлучите да го консумирате, подобро е да го додадете во утринското смути или да го промешате со чаша вода.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk