Џек Николсон за улогата во Бетмен заработил 15 пати повеќе од главниот актер (ВИДЕО)

Филмот денес се смета за култна класика, а за многу фанови на Бетмен е една од омилените филмски адаптации на овој стрип херој.
Покрај позитивните критики и признанијата, филмот беше и огромен комерцијален успех. Иако тоа беше голем финансиски триумф за Ворнер Брос, можеби уште поголем успех дојде за Џек Николсон, кој заработи богатство играјќи го Џокер. Парадоксално, Мајкл Китон кој го играше Бетмен не заработи ни приближно слична сума.
„Бетмен се враќа“ беше снимен со буџет од 48 милиони долари и заработи над 411 милиони долари вкупно, што го прави вториот филм со најголема заработка во 1989 година. Нему му претходеше само филмот Indiana Jones and the Last Crusade, кој на кино благајните заработи над 470 милиони долари.
Николсон се двоумел за улогата на Џокер, но на крајот ја прифатил поради престижот и можноста за заработка, пишува FandomWire. Актерот првично требало да потпише договор за 10 милиони долари, но Николсон во филмот видел голем потенцијал за заработка, па договорениот фиксен хонорар го намалил на 6 милиони долари, но се договорил со студиото да добие процент од вкупната заработка на филмот.
Бидејќи Николсон во тоа време веќе имаше два Оскари и беше еден од најбараните актери во светот, студиото ги прифати неговите услови. Како резултат на тоа, актерот замина дома со 90 милиони долари наместо 10 милиони, што ја прави неговата улога на Џокер една од најскапите улоги во филмската историја.
Оскаровецот во филмот проговорил само 585 зборови, а неговата заработка била дури петнаесет пати поголема од заработката на Мајкл Китон, кој ја толкуваше главната улога. Имено, Китон за улогата на Бетмен заработил „само“ 6 милиони долари, што е импресивно, но сепак незначително во однос на заработката на Николсон.