logo
logo
logo

Џејсон Момоа е снимен прв пат по разводот, не ја носи бурмата

Vecer | 18.01.2022

Џејсон Момоа е снимен прв пат по разводот, не ја носи бурмата

Фотографите го забележале како оди кон својот автомобил пред продавница во Лос Анџелес, со картонска кутија во раката.

Носел маска за лице, очила за сонце и капа, а на раката не носел бурма.

Минатата недела Џејсон и Лиза преку заедничка порака на Инстаграм објавија дека се разведуваат.

„Ова не го споделуваме затоа што мислиме дека вреди да се објави во вести, туку за да можеме достоинствено и искрено да го продолжиме животот“, рекоа тогаш.

Тие се запознале во џез-клуб во 2005 година, долго пред Момоа да се прослави со улогата на Кала Дрога во „Игра на тронови“. Лиза стана позната како Дениз Хакстабл во хит-серијата од 1980-тите The Cosby Show, и е 12 години постара од Џејсон.

Тие го добија своето прво дете, ќерката Лола, во 2007 година. Една година подоцна се роди нивниот син Накоа-Волф. Џејсон помогна во одгледувањето на ќерката на Лиза, актерката Зои Кравиц, од нејзиниот претходен брак со Лени Кравиц.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk