Дурловски: Благодарам на публиката, благодарам за можноста да се вратам на сцена во специфичен период од мојот живот

Вчера беше можеби најважниот ден од мојата пејачка кариера. Трема, емоции, љубов... Дадов се што чував во себе а добив исто така СЕ!
Благодарам на колегите за соработката и искрените гушки и бакнежи, благодарам на директорката Чадловска за можноста да се вратам на сцена во специфичен период од мојот живот а најмногу благодарам на публиката која што со искреност го пречека моето враќање на сцената на МОЈАТА МОБ. ❤️❤️❤️, вака Игор Дурловски ја изрази својата благодарност до публиката која со овации го прешека неговото враќање на сцената на МОБ.

Дурловски во неговата објава на Фејсбук се заблагодари и на директорката Чадловска за можноста да се врати на сцената во специфичен период од неговиот живот.

Поврзани

Најнови вести

Коментари