Маршал Брус Матерс III, попознат како Еминем, го прослави својот 49 -ти роденден.

Американскиот рап музичар, продуцент и актер е повеќекратен добитник на Греми награда. Продаде над 80 милиони албуми низ целиот свет, и е меѓу најуспешните хип-хоп пејачи, поточно, рапери на сите времиња.

Тој се здоби со светска слава во 1999 година, со објавувањето на албумот „The Slim Shady LP“.

По успехот, тој основа своја дискографска куќа “Shady Records”, која “роди” многу ѕвездени рапери, вклучувајќи го и “50 Cent”.

За многу кратко време, тој стекна голема слава и стана еден од ретките мега-познати белци на рап сцената, но таа во еден момент „го удри во глава“.

Земал по триесет викодини дневно, еднаш бил близу до смрт, но во борбата против зависноста му помогнал друг пејач – Елтон Џон.

„Славата ме удри како цигла“, вели Еминем, признавајќи дека често мешал алкохол и дрога, а честопати влегувал и во физички конфликти, поради што најчесто бил на суд.

Неговата борба започнала во 2000 година додека работел на продукција на филмот „8 Mile“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Marshall Mathers (@eminem)

Сфатил дека има проблем со несоница бидејќи работел до шеснаесет часа дневно Му препорачале Амбиен, лек кој ви помага да заспиете побрзо, но наскоро станал зависник од лекот.

“Имаше денови кога лежев во кревет, голтав апчиња и плачев. Ми требаа апчиња во телото за да се чувствувам нормално, но бев само полош. Тоа беше еден маѓепсан круг”, рече Еминем.

Во критичната 2007 година, тој се предозирал.

Лекарите му рекле дека зел еквивалент на четири кеси хероин и, ако се појавел два часа подоцна, ќе умрел.

Имал повеќе моменти на криза пред да побара помош од Елтон кој му помогнал да се бори со зависноста.

Минатата година сподели многу емотивна вест со своите следбеници на социјалните мрежи. Иако ретко зборува за интимни работи, овој пат реши да се пофали.

Тој објави фотографија од „значка на трезвеност“ и се пофали дека бил трезен 12 години.

“Чиста 12, во книги. Не се плашам”, напиша Еминем.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Marshall Mathers (@eminem)