logo
logo
logo

Драма на аеродромот во Цирих: Беквалац вратена во Србија, интервенирала и полицијата

Vecer | 28.07.2021

Драма на аеродромот во Цирих: Беквалац вратена во Србија, интервенирала и полицијата

Сестрата на пејачката Наташа Беквалац, Кристина, наводно доживеала вистинска драма кога на аеродромот во Цирих сфатила дека носела пасош кој истекол пред една година, пишува „Мондо.рс“.

Поради тоа, швајцарската полиција ја одвоила од линијата за чекирање и ја задржала, а потоа ја вратила во Белград со првиот лет, додека Наташа и нејзините соработници го продолжија патот кон Ибица, каде што ќе сними неколку нови видеоспотови.

– Отидоа на Ибица за да снимаат спотови за новите песни. Целиот тим на пејачката беше со нив. Заедно се качија во авион на аеродромот „Никола Тесла”, но кога слетаа во Цирих, на пасошката контрола забележаа дека на Кристина пасошот ѝ истекол пред една година. Потоа, настана хаос! Полицијата беше шокирана, во шок се прашуваа како успеала дури и да полета од Белград. Таа им објасни дека има нов пасош, но дека во брзање го зела стариот и ги праша дали некој може да го скенира и да им го испрати. Тие одговорија дека тоа не доаѓа предвид и дека мора да ја задржат и да ја испратат назад за Србија – вели информиран извор.

Според неговите зборови, Кристина чекала со часови на аеродромот во Цирих, но плачела и за неволјите што наводно ги направила.

По враќањето, Кристина го зела важечкиот пасош од Србија и купила нови билети, па наскоро ѝ се придружила на својата сестра на егзотична дестинација.

– Го чекаше летот за Србија три часа и плачеше. Беше бесна заради тоа што направила општ хаос. Само што пристигна во Белград, го зеде новиот пасош и повторно купи авионски билети. Кога повторно замина на Ибица два дена подоцна, таа напиша на Инстаграм: „Кој нема во главата, има во нозете“, шегувајќи се за себе иако ситуацијата воопшто не беше смешна. Дури и Наташа ја задеваше, па напиша покрај фотографиите од плажите: „Сите сме тука, само чекаме Кристина Беквалац да биде ослободена од притвор“ – продолжил изворот.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk