logo
logo
logo

ДОСТА БЕШЕ, секој оди по својот пат: 2Cellos најавија проштален концерт!

Vecer | 20.01.2022

ДОСТА БЕШЕ, секој оди по својот пат: 2Cellos најавија проштален концерт!

Дуото 2Cellos, составено од Лука Шулиќ и Стјепан Хаусер тргнуваат на проштална турнеја. После тоа, музичарите кариерата ќе ја продолжат самостојно. За разделбата на дуото 2Cellos проговори Хаусер, кој во интервју за хрватски „Стори“ објасни што се случило.

Хаусер во интервјуто зборувал и како почнале да работат заедно.

- Нашата соработка се случи кога и двајцата бевме на пресвртница во нашите животи непосредно пред крајот на студиите во Лондон. Имавме жестока желба да направиме нешто револуционерно, возбудливо и лудо. Двајцата игравме со многу енергија, адреналин и страст и знаевме дека ако се споиме може да дојде до експлозија. Тоа се случи. На светот му покажавме дека челото и класиката можат да бидат во центарот на вниманието и да ги привлечат сите генерации подеднакво да уживаат во таа музика - изјави Хаузер.

Музичарот открил и дека на деловен план сешто му се случува.

- Има толку многу работи во процес, големи работи, проекти кои во овој момент не можам целосно да ги откријам, но наскоро светот ќе биде сведок на револуционерни настани и дела. На пример, во последните две-три години објавив стотици спотови и песни од различни делови на светот, најмногу на социјалните мрежи. Сега се планира сето тоа да се пренесе на официјално светско ниво во соработка со најдобрите музичари, продуценти и најголемите имиња од музичката индустрија, рекол Хаусер.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk