Дојде дома пијан и почна на крши и мава по се, па и мене: Лоба раскажа потресна приказна!

И пејачката Викторија Лоба, се вклучи во кампањата #Слушни ја против насилство врз жените и девојчињата.

Таа ја раскажа потресна приказна. Всушност во приказната на Лоба, се крие вистинската животна приказна на Александра.

– Кога дојдов во Германија, нашата ќерка веќе беше родена. Тој работеше од утро до мрак, а јас се грижев за нашата малечка и за нашиот дом. Една вечер, не се врати. Се појави после три дена мртов пијан. Почна да крши и мава со сѐ што ќе му дојде при рака. И мене. Си заминав и никогаш нема да се вратам – раскажа Лоба во промотивниот спот.

Покрај Лоба, актерките Амернис Нокшиќи и Тања Кочовска, се дел од капмањата-16 активизам против насилството врз жените и девојчињата.

Поврзани

Најнови вести

Коментари