logo
logo
logo

КИМ КАРДАШИЈАН

Додека жените и завидуваат таа бие битка со сериозен здравствен проблем

Vecer | 24.09.2022

Додека жените и завидуваат таа бие битка со сериозен здравствен проблем

 

Ким Кардашијан со години боледува од псоријаза, која сега земала замав, па старлетата ни со шминка не може да ги сокрие „живите рани“ на нозете

Ким Кардашијан има 41 година, има четири деца, нереална убавина и богатство кое го направи буквално од нула. Не постои жена на планетата која во одреден момент не и завидела на популарната старлета. Но, не е се така прекрасно, а тоа го покажуваат најновите фотографии.

Имено, Ким Кардашијан деновиве ја „канализира“ само Мерлин Монро, и тоа подобро од Ана де Армас. Облечена во бел мини фустан од Долче и Габана, со избелена коса и неверојатни 21 килограм помалку, Ким навистина изгледа феноменално, но ...

Во нејзините емисии можевме да видиме како напредува болеста и дека најчесто се појавува на нејзините раце и стапала. Секогаш кога стресот е на својот врв, на телото на популарната старлета се отвораат „живи рани“ за кои нема лек. Бидејќи не можела да направи ништо за да ја излечи болеста, Ким развила и линија производи - шминка за тело. Познато е дека Кардашијан со години нанесува густа пудра на нозете и рацете во обид да ги прикрие знаците на псоријаза.

Судејќи по фотографиите, изгледа дека веќе не помага ниту шминката.

 

Kim Kardašijan

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk