logo
logo
logo

Доброто момче на Холивуд Кијану Ривс е „тешко“ 380 милиони долари

Vecer | 29.11.2022

Доброто момче на Холивуд  Кијану Ривс е „тешко“ 380 милиони долари

Кијану Ривс е можеби најпознат по улогата на Нео во култната франшиза „Матрикс“, а интересно е што улогата во филмот ја добил откако истата ја одбил Оскаровецот, Вил Смит.

Скромниот Кијану за оваа улога бил  платен 10 милиони долари однапред, а со оглед на изненадувачкиот успех на филмот, за првиот дел заработи дополнителни 35 милиони долари.

Ривс заработи уште најмалку 120 милиони долари со вториот и третиот филм од франшизата, надминувајќи 200 милиони долари, додека пак добил и аванс помеѓу 12 и 14 милиони долари за Матрикс: Воскресение.

Поради неговиот успех во филмската индустрија и соработката со различни брендови, проценетата нето вредност на актерот, кој стана познат во Холивуд по  главната улога во филмскиот хит Брзина со Сандра Булок,изнесува 380 милиони долари, пренесува шпанска „Марка“.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk