Сузана Јовановиќ и Саша Поповиќ важат за еден од најскладните парови на естрадата, кои и покрај големата популарност, својот приватен живот успевле во текот на годините навистина да го зачуваат далеку од јавноста.

Редок момент кога можело да се види целото семејство Поповиќ било за време на големата промоција на новиот албум на Сузана во јуни месец кога одвај се согласиле сите заедно да се фотографираат.

Бидејќи меѓу познати личности владее тренд на пишување книги и објавување филмови, било интересно за јавноста да дознае дали Саша и таа планираат да направат некој проект, со обзир на нивното естрадно искуство, кое веќе го достигнало врвот.

“Јас му дадов идеја да направи филм и серија за жирито во “Ѕвездите на Гранд“ како и за случувањата на естрадата. Но глумци да бидат самите пејачите, а не глумци кои ќе се ангажираат. Му реков кога ќе има време да се посвети на себе, да размисли за сценарист кој ќе напише доста добро сценарио, и верувајте ми дека тоа ќе било нешто кое ќе биде најгледано во земјата“, изјавила пејачката за grand.online.