logo
logo
logo

Видео

ДНК порачаа: МАКЕДОНИЈА НА ЕВРОПСКО! Вака звучи и изгледа тоа

Vecer | 31.05.2021

ДНК порачаа: МАКЕДОНИЈА НА ЕВРОПСКО! Вака звучи и изгледа тоа

Оооо оооо Македонија на Европско.... Сите сплотени сме заедно.... Оооо оооо Македонија на Европско сите дишеме ко едно... вака гласи рефренот од новата песна со наслов „Македонија на Европско“ со која момците од ДНК ќе ги бодрат нашите фудбалски репрезентативци на претстојното Европско првенство.

И не само Панчо и Андреј поддршка на црвено-жолтите им даваат еден куп колеги – музичари, спортисти, актери, пријатели на ДНК и вљубеници во спортот и фудбалот, кои се дел од уникатното видео, кое зрачи со љубов и желба за победи и што е можно подобар пласман на нашите момци.

- Им посветивме песна на фудбалерите кои се наши херои, и не само наши, на ДНК, туку на цела нација. Затоа решивме да направиме и вакво видео во кое буквално целата естрада за прв пат е собрана заедно на едно место, во друштво на спортисти, актери... и сите во одлична навивачка атмосфера. И затоа сме им благодарни на сите кои имаат свое место во овој видеозапис. Сакаме навистина и од СРЦЕ да им се заблагодариме на сите, особено на нашите фудбалери за одвојувањето од нивното време да снимат кратко видео каде што сите ќе ги видат во едно поинакво светло од она на терен. Вистински професионалци од прв до последен, вклучувајќи го и селекторот Ангеловски. Особено мора да му се заблагодариме на Илија Несторовски, кој беше главна алка и спојка, и кој воедно ги потсетуваше сите навреме да испратат видео, велат Панчо и Андреј, кои се особено горди на тоа што дел од кадрите им припаѓаат и на оние кои се главни јунаци во целата оваа приказна – фудбалските репрезентативци.

- Големо благодарам од нас оди и на сметка на Агенцијата за млади и спорт и директорот Наумче Мојсовски, затоа што несебично ни излегоа во пресрет и ни помогнаа околу логистиката, велат момците од ДНК.

Како автори на оваа песна и овој пат се потпишуваат Панчо и Лазар Цветковски, во чие студио и е снимена, продуцирана и мастеризирана „Македонија на Европско“. Видеото, пак, е со потписот на режисерот Владимир Митревски - Ѓуле.

И да, во спотот премиерно се појавува и подмладокот на бендот, односно новите членови Андреја (10 г.) басисит, Марјан (6 г.) тапанар и Јана (5 г.) клавијатури и придружен вокал.

- Веруваме во песната, веруваме во момците и #Македонија на Европско, велат Панчо и Андреј.

[embed]https://www.youtube.com/watch?v=xC5z_541AbA[/embed]

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk