logo
logo
logo

ДНК ПОДГОТВЕНИ - се ближи денот за концерт! ЕВЕ ГИ ДЕТАЛИТЕ

Vecer | 23.11.2022

ДНК ПОДГОТВЕНИ - се ближи денот за концерт! ЕВЕ ГИ ДЕТАЛИТЕ

Панчо и Андреј или популарниот двоец ДНК ги прави последните подготовки во пресрет на големиот јубилеен концерт закажан на 3 декември во арената „Борис Трајковски“. Концертот, кој е замислен како своевидно патување низ времето, ќе значи славење на 20. роденден, односно - 20 години ДНК, а на сцената освен нив двајцата присутните во салата ќе ги видат и колегите со кои момците сработувале низ годините.

Во пресрет на концертот, а како што беше откриено на денешната прес-конференција, излегува и албумот со наслов „Дваесет“, кој содржи 12 композиции кои се хронолошки распоредени. Денеска во етерот ќе биде пуштена и темата со наслов „Романи“, која всушност значи заокружување на последното студиско парче, кое ќе се продава на концертот, а сите кои сакаат потпишан примерок и фотка со момците тоа ќе може да го направат по концертот. Панчо и Андреј открија дека ќе останат во салата се додека има фанови кои сакаат да имаат албум со потпис и фотографија со нив.

На прес-конференција дуото откри уште детали за концертот, а покрај музичките гости како Тамара, Ена Цветкоска, Јанг Дади, Џамбо Агушев и неговиот оркестар, Наум Петрески... беше истакнат и хуманитарниот аспект. Имено, дел од средствата ќе бидат донирани во Фондацијата Марко Божиновски – фондација која се залага најпрво за поддршка на млади спортисти, но и општо на млади луѓе од социјално загрозени категории, а интересно е и тоа дека влезот за дечиња до 9-годишна возраст ќе биде бесплатен.

Панчо беше прашан и за сумата на влезниците за концертот, со оглед на тоа дека тие решија да ги продаваат по многу ниска цена.

„Најевтината влезница ќе чини 350 денари. Ако одлучував само јас, цената ќе беше симболични 20 денари, но сепак тимот реши за оваа цена што е сега. Знаеме во какво време и каква криза живееме, сакаме сите што сакаат да имаат можност да купат влезница“, изјави Панчо за медиумите.

 

 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk